Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски положи венец на споменикот во Киев во чест на жртвите на Холокаустот

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски положи венец на меморијалниот споменик во Киев на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Заедно со претставниците на еврејската заедница и украинските претставници, одржаа церемонија на меморијалниот центар во главниот град каде им оддадоа почит на жртвите на холокаустот.

„Злосторството на холокаустот никогаш не смее да се повтори“, напиша Зеленски на својата страница на социјалните мрежи.

„Но, постепено, за жал, сеќавањето на холокаустот станува се послабо, а злото што се обидува да ги уништи животите на цели народи сè уште останува во светот“, додаде тој.

Нацистичките Германци убија 6 милиони Евреи од цела Европа, уништувајќи две третини од еврејското население во Европа и една третина од сите Евреи ширум светот.