Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски пристигна во Белата куќа на разговори со Трамп

/

пред 598 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа на средба со претседателот Доналд Трамп. На средбата се очекува Зеленски да потпише историски договор со САД за ретките метали, но неизвесно е дали ќе ги добие посакуваните безбедносни гаранции од САД за Украина, кои Трамп ги препрати на адреса на Европа.

Постои загриженост дека Трамп може да посредува за мировен договор што ќе ја фаворизира Русија. Но, американските власти тврдат дека американските инвестиции во Украина ќе ја подобрат и нејзината безбедност. По средбта во Белата куќа која е во тек, Зеленски ќе се сретне и со американски сенатори за време на неговата посета на Вашингтон, по средбата се очекува и прес-конференција подоцна.

Претходно Зеленски рече дека Трамп „живее во простор за дезинформации“ создаден од Русија, додека американскито претседател го обвини својот украински колега дека е „диктатор“, нешто што денеска го негираше.