Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски соопшти дека со Стармер разговарале за зајакнување на позициите на Украина

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „важен и срдечен“ разговор со британскиот премиер Кир Стармер, со кого разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции.

„За време на разговорите ги разгледавме предизвиците кои стојат пред Украина и цела Европа, координацијата со нашите партнери, конкретните чекори за зајакнување на позициите на Украина и завршување на војната на праведен начин, со сигурни безбедносни гаранции“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

Стармер вчера го пречека Зеленски во Даунинг стрит 10 со топла прегратка – еден ден по посетата на украинскиот лидер на Вашингтон и неговата средба со Доналд Трамп во Белата куќа.