Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски стравува од пад на американската поддршка поради војната со Иран

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека продолжената војна меѓу САД и Израел против Иран може дополнително да ја намали американската поддршка за Украина.

Во интервју за „AP“, тој предупреди дека Киев веќе не е главен приоритет на Вашингтон и дека тоа директно влијае врз испораките на клучни системи за противвоздушна одбрана.

Зеленски нагласи дека Украина итно има потреба од американските системи „Патриот“ за одбрана од руските балистички напади. Според него, овие системи никогаш не биле испорачани во доволен број, а долготрајниот конфликт на Блискиот Исток дополнително ги намалува шансите за нови испораки.

Меѓувреме, војната во Иран влијае и врз глобалната економија, особено преку растот на цените на нафтата, што ѝ носи дополнителни приходи на Русија.

Зеленски тврди дека Москва има корист од ситуацијата и дури помага на Иран, додека Украина се обидува да обезбеди нови партнерства и поддршка за да ја задржи својата одбрана.