Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски во разговор со патријархот Вартоломеј: Руската војска продолжи со нападите и на Божиќ, во многу наши градови и села нема струја

/

пред 291 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кому му пренесе дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за време на Бадник и Божиќ, кој денеска се слави според грегоријанскиот календар, пренесоа украинските медиуми.

„За жал, руската војска дури ни на Бадник и Божиќ не ги запре своите брутални напади врз Украина, енергетскиот сектор и нашиот народ. Во многу наши градови и села нема струја“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека руските сили денеска повторно гаѓале градови во источна Украина, јави агенцијата Укринформ.

„Во Чернигов, токму за време на разговорот со патријархот, екипите им пружаат помош на ранетите во нападот на руски дрон врз обична станбена зграда“, наведе Зеленски, додавајќи дека станува збор за „варварски напади на оние кои не го почитуваат ниту Бог“.