Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјите од Западен Балкан утре во Берлин ќе потпишат три договори

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Шесторката од Западен Балкан: Србија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина утре на самитот во Берлин ќе потпишат три договори, за слобода на движење со лична карта, за признавање на високообразовните квалификации и за признавање на професионалните квалификации на медицината: лекари, стоматолози и архитекти.

Договорите беа одобрени од министрите за надворешни работи на овие шест земји на состанокот организиран од германската влада на 21 октомври.

Утрешниот самит ќе го отвори германскиот канцелар Олаф Шолц, а главни теми на разговор ќе бидат иднината на Берлинскиот процес и Заедничкиот регионален пазар, како и енергетската безбедност и транзицијата.

Берлинскиот процес е формат на годишни состаноци што германската влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел, ги иницираше во 2014 година кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан.