Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците да се информираат за заедничката земјоделска политика на ЕУ, порачуваат експертите

/

пред 848 дена

Сподели преку :

Струмичките земјоделци ќе мора подетално да се информираат за Заедничката земјоделска политика на Европската Унија и полека да ги запознаваат и усвојуваат добрите практики кои ги предвидуваат поглавјата 11 и 12 од преговарачката рамка.

Универзитетскиот професор Душан Спасов вели дека мерките се насочени кон поголема безбедност на храната и благосостојбата на животните и од нивната примена земјоделците можат само да добијат.

Според Спасов, овие мерки се корисни и ќе значат поквалитетна храна и поздрава нација.

Спасов вели дека државата а особено ресорното министерство мора да се организира и да почне едукацијата кај земјоделците и обидот да се направи првична примена на некои од мерките, бидејќи она што го предвидуваат овие две поглавја значат многу работа и залагања од институциите но и од фармерите.

Освен поквалитетна и побезбедна храна, усвојувањето на овие поглавја ќе значи и повеќе средства од заедничките фондови на Европската Унија, поголем пазар и постабилен пласман на производството, заштита и регистрација на производите, но и можности за развој на руралните средини.

Сузана Мицева