Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците од струмичко почнаа да ги санираат штетите од невремето

/

пред 506 дена

Сподели преку :

Земјоделците од Струмичо почнаа да ги санираат штетите од невремето што ги зафати во четвртокот попладне. Се вадат уништените пластеници, се поправаат конструкциите, се одводнува залеаната површина.

Невреме траеше кратко, не повеќе од еден час но, беше проследено со силен ветер, а некои делови се зафатени и со град. Земјоделците велат дека големи загуби ќе има и поради високите температури по толку обилни врнежи.

Градинарите од Муртино но и од Еднокуќево и Босилово кои исто така беа погодени од невремето очекуваат денеска да добијат информации од општините Струмица и Босилово за поднесувањето пријави до Комисијата за проценка на штети.

Градоначалникот Костадинов објави дека во Струмица комисијата е формирана, а од Босилово најавија дека денеска ќе се знае како ќе се постапува.

Сузана Мицева