Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Земјоделците во Грција повторно на протести, ќе се блокира граничниот премин „Евзони“

/

пред 298 дена

Сподели преку :

Во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време се очекува и денеска грчките земјоделци да го блокираат граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи, додека пак низ целата земја поставени се над 50 блока.

На граничниот премин Евзони, паркирани се над 300 трактори, а веќе десет дена грчките земјоделци периодично го затвораат за сообраќај.

Блокови се поставени и на другите гранични премини, на Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува дали и на колку време ќе се блокира сообраќајот, на Промахноас и Орменио кон Бугарија и на Кипи кон Турција забраната се однесува само на камиони.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а бараат и исплатата на заостанатите субвенции.

Грција бара интервенции поради опасните земјоделски блокади