Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид.
Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. Епицентарот е на седум километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан.
Засега нема информации за причинета материјална штета.











