Земјотрес со јачина од 5 степени е регистриран во регионот на планините Талиш во јужен Азербејџан, соопшти Центарот за сеизмолошки услуги на Академијата на науките на Азербејџан.
Според соопштението, потресите се регистрирани во 07:43 часот по локално време .
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри источно од Лерик, на длабочина од 18 километри. Магнитудата на потресите во околните области била 4 степени, забележува ТАСС.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.











