Силен земјотрес со јачлина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција. Потресот е регистриран на длабочина од девет километри, на 46 километри источно од Малатија, подрачје кое беше разорено од минатогодишниот земјотрес.
Моментно нема информации за жртви и материјална штета.
Во февруари лани, во серија разорни земјотреси од кои најсилниот беше 7,8 степени, го погодија источниот дел на Турција. Малатија беше жестоко погодена во тие потреси, а делови од повеќе градови беа срамнети со земја.











