Земјотрес со јачина од 3,9 степени според рихтеровата скала ја погоди Швајцарија во 3:35 часот. Епицентарот бил во близина на градот Ивонан, во близина на кантонот Во, а се почувствувал и во други делови на Швајцарија. Засега нема информации за предизвикана материјална штета, пренесува Свис инфо.
Како што се наведува во Швајцарија на годишно ниво има од 10 до 20 земјотреси.











