Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зендели во Топ Тема за Бојкот на маркетите: Противзаконски е ако се поддржува од страна на премиер или министер

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Бојкот на големите трговски ланци – што освен симболична порака може да се смени?

Ако трговците се аздисани по маржи, а Владата не може или не сака да го спроведе Законот за нефер трговски практики кој ќе им помогне на граѓаните? Дали власта одбра страна кога и ресорното министерство наместо мерки, праќа поддршка за бојкот?

Oд есенцијално значење е донесување на законот за нефер трговски практики којшто пружа доволна можност државата да биде практично еден регулатор кој ќе навлезе внатре во функционирањето на производителот, добавувачот, трговецот и финално на крајниот трговец кој има контакт со потрошувачот, и согласно тие правила, односно нефер трговски практики кои се наведени ќе се овозможи да го следи профитот во целото движење од почеток до крај. Поминаа три месеци од донесување на законот, понатаму имаше и шест месеци прилагодување и сега дојдовме до стадиум каде треба да се егзекутира.

„Мислењето на Сојузот на стопански комори и нашите членки кое доаѓа до мене е дека сега е дојден моментот практично и едноставно се егзекутира и почне да функционира во полна сила. Таму државата конечно има право како регулатор да влезе и да види кој и колку има профит во целото движење на тој производ оттаму кај што почнува. Постои одличен простор за спроведување, а во дадената ситуација нужно е да ја дефинираме правдата.  Нашиот коментар од Стопански комори беше дека е потребно е дефинирање на уште неколку ситници внатре. Едната беше повратот стоката/производите кои сметаме дека апсолутно треба да го нема. Затоа што кај повратот на роба се отвараат многу специфини работи. Но во суштина ако некој производител на даден ланец таму му велат наполни ја целосно витрината тоа ако се продаде ако е дневен или повеќедневен ќе се продаде, а другото да го повлечеш и ќе ти платиме за тоа што се продало. Што директно го носи во загуба тој што продава или тој што произведува“ изјави Горан Ѓеоргиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори. 

„Ja сфаќаме потребата на граѓаните да реагираат на некаков начин и имаат право како во овој случај со Бојкотот, но исто така треба да се има и предвид да не се стигматизираат маркетите и трговците. Нашата мисија е да ги браниме, но исто така ги поддржуваме и принципите на слбоодна економија. Треба да се биде претпазлив како Влада и како држава за реакција кон нив. Во овој случај мене ми изгледа популистички отколку реално да подржиш јавно. Зависно како поддржувале како физички лица или како премиер или министер. Ако поддржувале како премиер или министер тоа е противзаконски. Не е добро претставници од Владата да заземаат страна. Ова се коси со законот за конкуренција, Владата како регулатор треба да биде медијатор да најде решение за било кој проблем, а не да зазема страна“ изјави Касам Зендели, потпретседател на Собранието на Стопанската комора.

Гледајте Топ Тема со Боби Христов на Телма