Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зголемен број на тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска во 13 европски земји

/

пред 862 дена

Сподели преку :

Бројот на азиски тигрести комарци кои предизвикуваат денга треска е зголемен во 13 земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција, што доведе до зголемување на бројот на заболени, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

ЕЦДЦ наведува дека климатските промени создаваат поволни услови за ширење на тигрестиот комарец, што доведува до зголемување на бројот на случаи на денга.

Центарот предупреди дека меѓународните патувања дополнително ќе го зголемат ризикот од ширење на епидемијата во Европа.