Жалбата за изречениот куќен притвор на Асмир Јахоски, кој се гони во случајот со сомнителните набавки на мазут пристигнала на адресата на Кривичен суд, но најпрвин по неа треба да се произнесе неговата одбрана, па потоа судот.
Обвинителството вчера поднесе жалба за куќниот притвор на Јахоски, кој е сопственик на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски.
Тој беше приведен во акцијата за злоупотреби со милионските набавки на мазут за ТЕЦ Неготино.
Со истрагата се опфатени и Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственици на фирмата РКМ кои добија затворски притвор.
КОД: Шемата фирми од Ахмети преку неговиот зет води до пратеникот Јахоски, но и до РКМ на Капушевски











