Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жена изгоре во пожар

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Осумдесет и петгодишна жена загинала во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија.

На 28.05.2026 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар.

Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат за Телма од МВР.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид.