Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жена уапсена во Атина, поврзана со случајот со мртвото тригодишно неидентификувано девојче пронајдено на плажа

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Грчката полиција, по видеата од безбедносните камери и неколкудневната истрага, утрово уапси жена, која е осомничена за смртта на неидентификуваното девојче на возраст околу три години што во неделата беше пронајдено на атинска плажа.

Неофицијално станува збор за жена од Алжир, а во изминатите денови, грчките медиуми објавија видеа од безбедносни камери од населбата каде што беше пронајдено безживотното тело на девојчето, а на кои се гледа жената со две поголеми деца и количка со мало дете чие лице е покриено со капа, објави МИА.

На друго видео, според истите информации, жената ја оставила количката во локален парк и заедно со другите две деца заминала со такси возило.

Претпоставките во Грција беа дека жената во саботата вечерта го оставила девојчето во морето, во непосредна близина на брегот и заминала, а телото беше пронајдено неколку часа подоцна во неделата наутро.

Утрово, по истрагата на полицијата и крајбрежната служба беше пронајдена и уапсена жената.

Крајбрежната служба во понеделникот, 24-часа по пронаоѓањето на телото, преку итно соопштение, објавено на грчки и англиски јазик, упати апел до јавноста да помогне во идентификацијата на девојчето на возраст од три-три и пол години.

Телото на девојчето беше пронајдено во неделата наутро од случаен минувач, било пренесено во детска болница каде што лекарите констатирале смрт, а обдукцијата покажа дека причината за смртта е давење.

Девојчето носело тиркизен костим за капење со долги ракави, има кафена кратка коса и исончана кожа.