Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Женско тело со прострелна рана во глава е најдено во скопското село Копаница – сопругот во притвор за недозволено поседување на оружје

/

пред 137 дена

Сподели преку :

Тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата е најдено во скопското село Копаница. Покрај телото е пронајден пиштол „глог 19“, сопственост на нејзиниот сопруг.

Од обвинителството соопштуваат дека сопругот е уапсен и  отворена е истражна постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, по член 396 од Кривичниот законик. Тој е во притвор.

„По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, соопштија од Обвинителството.