Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жестока караница и обвинувања во Судскиот совет – се собираат потписи за разрешување на претседателката Дамева

/

пред 1273 дена

Сподели преку :

Со низа обвинувања почна денешната седница на која Потпретседателот Селим Адеми побара во дневниот ред да биде вметната точка  за меѓучовечките односи во Судскиот Совет. Една од причините за кои членовите ја обвинуваат претседателката Весна Дамева е дека таа го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер и не им го давала на членовите. Дамева пак пред присутните се правдаше дека била на одмор.

Селим Адеми, потпретседател на Судски совет ја обвини претседателката Весна Дамева дека го блокирала изборот на судии во Апелација со непотпишување на анекс договор.  Возврати дека штетни договори нема да потпишува и дека за таков чекор треба некој да одговара. Потоа, се скараа Дамева и Павлина Црвенковска која сега е член на Судски совет, а претходно беше претседателка. Адеми и рече на Дамева да не ја обвинува Апелација кога таа кочи избор на судии.