Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Грчец насилно и противправно влегле во објект на Електродистрибуција, соопшти компанијата

/

пред 1291 дена

Сподели преку :

Електродистрибуција соопшти дека заради противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, кои довеле до хаварија во дистрибутивниот систем, поради што без снабдување со електрична енергија останале и корисниците на дел на територија на Сарај.

По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија.

Истовремено, компанијата додава и дека синоќа во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.

Во моментот Електродистрибуција е на терен  со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

ТЕЦ Неготино го запре производството, тврдат со налог од ЕСМ иако нема и мазут кој им го носи РКМ