Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жив штит за комуналците од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево – продолжува граѓанската блокада на депонијата во Кочани

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Кочанските граѓански активисти попладнево со жив штит, застанувајќи пред камионите на комуналните претпријатија од Виница, од Чешиново-Облешево и од Зрновци, не дозволија отпадот да се депонира на Градската депонија во Кочани. Велат дека ниту студот, ниту снегот не им се пречка во остварањето на правото за чист воздух. Активистите од возачите на камионите со отпад побараа да се свртат назад и да се вратат во нивните општини.

Половина месец трае протестот и блокадата кај кочанското село Бели од страна на граѓанските активисти и жителите на Кочани. Граѓанскиот отпор им донесе депонијата да не чади, да се уреди со над 50 камиони земја, 24 часовна чуварска служба, поставување на видео надзор на депонијата, како и нелегален влез од собирачите на железо и пластика. Но, не отстапуваат од барањето нивната депонија да е за четири општини, односно не дозволуваат да се депонира отпадот од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево. Во среда се чека на одлуките кои ќе ги донесат советниците во Советот на Општина Кочани.

Викторија Јованова