Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо)Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

/

пред 258 дена

Сподели преку :

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се одбележува со свети литургии и традиционално положување на чесниот крст во осветените води низ целата држава.

Во Скопје, централната манифестација започна со богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, а крстот се спушта во водите на реката Вардар.

За настанот беа пријавени околу 160 учесници. Најсреќен меѓу учесниците беше Дарко Митровиќ, кој го фати крстот и со тоа се стекна со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција

Фаќањето на крстот се смета за соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите стануваат лековити и носат благослов за сите кои присуствуваат.

Тамара Марковска се јави за Вестите на Телма во 12.30