Денеска во Собранието се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани. Пред присутните прв се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој истакна дека таа ноќ државата изгубила 63 млади животи, како и дел од својата иднина и надеж.
Гаши нагласи дека и по една година болката е голема, а зборовите се недоволни за да ја опишат тагата на семејствата и на целото општество.
Родителите на настраданите деца изразија незадоволство за текот на комеморацијата. Забележаа дека не биле споменати имињата на нивните деца кои загинаа во трагедијата.
Сметаат дека таа е дури и задоцнета и дека ова требало да се случи многу порано.
Од Собранието за Вестите на Телма во 12:30 часот се јави Далиборка Демјанска Цветановска.
Б.С.











