Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(живо)Во кривичен суд се разгледува барањето за определување притвор на разрешениот врховен судија Наќе Георгиев

/

пред 880 дена

Сподели преку :

На полноќ му е одземен имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, а се очекува денеска да биде донесен пред Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд каде се чека да му биде определена мерка притвор.

Што се однесува до Иџет Мемети кој е заменик претседател на Советот на јавни обвинители, тој бидејќи не е обвинител нема потреба да му се одземе имунитетот. Денеска неговата канцеларија  била претресена.

Во центарот на оваа истрага е екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат под прекарот Малборо, кој се сомничи за шверц со марихуана. Според пријавата на неговиот син двајцата осомничени лажно ветувале дека ќе извршат влијание во корист на неговиот татко. Обележани пари им биле подарени, а полицијата извршила истрага.

За Мемети доказите велат дека најверојатно нему ќе му биде определена мерка за обезбедување.

Иџет Мемети беше во два мандати народен правобранител.

Наке Георгиев беше познат на јавноста по разрешувањето на Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет, тој беше единствен којшто се пријави да ја извршува оваа функција.

За Вестите на Телма во 12.30 од пред Кривичниот суд се јави Елена Ивановска Мукоска.