Заменик началникот на Херсон, Кирил Стремусов загина денеска во сообраќајна несреќа, соопшти прес-службата на регионалната администрација под контрола на руските сили.
„Неговиот шофер ја преживеа несреќата“, се додава во соопштението на регионалната администрација.
Засега нема повеќе детали за околностите под кои се случила несреќата.
Русија на 30 септември прогласи анексија на Херсон и уште три региони во Украина.











