Убиството на 29-годишната штипјанка Емилија Пешева е уште еден фемицид во земјава. Таа е убиена заради тоа што е жена, а според невладините организации кои работат на заштита на жртвите од насилство, нејзиното убиство треба да се оквалификува како фемицид. Стојне Митева од струмичкото здружение „Скај плус“, кое раководи со шелтер центар, вели дека во изминатиот период имаат згрижено голем број на жртви на семејно насилство од Штип, и тоа како што вели, меѓу кои и тешки форми на насилство.
Жртвите на семејно насилство најчесто молчат или ги прекинуваат постапките, како што сторила и Пешева. Во септември побарала да запре постапката против нејзиниот насилник, а сега веќе и убиец Ф.З. Анализите покажуваат дека само два процента на насилство се пријавува кај надлежните институции. Оние кои што го пријавуваат добиваат поддршка.
Сторителот на убиството во Штип е во притвор, а завчера во вечерните часови ја уби Пешева, претходно извршувајќи насилство врз неа.
Викторија Јованова











