Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зијадин Села е претседател на АА, одлучи Тетовскиот суд

/

пред 617 дена

Сподели преку :

Тетовскиот основен суд одлучи печатите на Алијансата за Албанците да ги добие поранешниот градоначалник на Струга, Зијадин Села.

„Па судот од овие причини го прифати предлогот за разрешување на Претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар“, се додава во одлуката.

Таравари има право на жалба на одлуката до Апелациониот суд Гостивар во рок од 15 дена.

Алијанса за Албанците пред последните парламентарни и претседателски избори се подели на две крила – едното на Таравари и другото на Села, кој по напуштањето на лидерската позиција стана претседавач со партиското собрание а причина за расколот беше настапот на партијата на претседателските и парламентарни избори.