По потреба се изјаснуваат дека се чувствуваат како Македонци, Албанци, Турци, Роми во зависност од тоа која етничка заедница се бара со огласот за да се стигне до работа во јавниот сектор. На ваква пракса наиде и Антикорупциската комисија.
На последниот оглас две лица конкурирале за повеќе работни места со различна националност. Па така П.Б бил Македонец, се понудил да пополни 5 позиции во ДКСК – од кои 3 биле за Македонец, и по една за Албанец и Ром, а бил на чекор да се вработи како Ром. А лицето А. Р.кој бил Албанец аплицирал и бил уреден кандидат за работно место кое според балансерот е предвидено за Турчин. Антикорупциска поднесе иницијатива за кривично гонење на овие кандидати. Се сомнева дека сториле кривично дело злоупотреба на изјаснување за етничка припадност предвидена по балансерот.
ДКСК утврди дека се основани и потврдени наводите за сомневање дека кандидатот П.Б. и А.Р. со цел остварување лична корист – вработување во ДКСК пријавиле различен податок за припадноста на етничката заедница во електронската пријава за вработување во објавениот оглас, споредено со податокот за припадноста во Агенцијата за вработување, изјави Бајрами.
Ова според Бајрами става сенка на сомнителност на сите вработувања според балансерот. Трпеновски пак ги повика и Собранието и сите политички чинители да размислат дали е време да се укине балансерот.
Значи сите ние ќе се пријавиме на пет-шест различни националности и никој ништо не ти може. Затоа поддржувам укинување на балансерот и да се размисли да нема повеќе квоти. Време е квалитетот да дојде на сцена, изјави Трпеновски.
Според Дојчиновска пак балансерот можеби на почетокот кога е воспоставен бил алатка за правична застапеност, но очигледно сега станал своја спротивност.
Мислам дека не треба да ги амнестираме, односно треба да ги повикаме носителите на јавни функции кои не верувам дека не знаат или знаеле дека во нивните институции се пријавуваат односно се примаат луѓе кои имаат дадено лажен податок за својата национална припадност. Да не ги оставиме на раат дека тие не се ништо, дека ете луѓето се пријавуваат, изјави Пејовска Дојчиновска.
Aнтикорупциoнерите бараат во новите законски решенија или да се предвидi ефикасна алатка за спречување на злоупотреби на балансерот или тој да се укине. бидејќи во моментов како што рекоа тој е претворен во алатка за злоупотреба и понижување.
Александра Филиповска











