Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Злоупотреба на европското знаменце за спас на корумпираните функционери?!

/

пред 1139 дена

Сподели преку :

Европското знаменце се злоупотребува за спас на корумпираните функционери по падот на власта, обвини опозицијата на седницата за европски прашања, каде по скратена постапка се разгледуваа предлог-измените на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службена должност. Укажаа дека, не може да има никакво усогласување со европското законодавство, затоа што секоја држава во ЕУ си има посебен Кривичен законик, а последиците од измените ќе се видат веднаш.

Пратениците од власта ги бранеа измените токму со аргументите дека се усогласуваат со директивите на ЕУ, на Обединетите нации и на Европскиот Парламент.

И правничките во комисијата имаа различно видување на измените.

Опозицијата не поднесе амандмани на измените, затоа што смета дека се беспредметни кога власта го има мнозинството.

Далиборка Демјанска Цветановска