Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Krivicen sud

Делото за злоупотребата во Моќник застаре, трошоците за судењето допрва ќе се пресметуваат

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

За експретседателот на лустрациската комисија Томе Аџиев и уште 9 пораншени членови на комисија денеска беше последен ден во судница. Ним и на пратненикот Антонио Милошоски им застаре делото злоупотреба на службената положба но Милошоски останува во судница заедно со  неговиот татко, Милош Милошоски и екс градоначаникот на Макеодснки Брод Милосим Војнески остануваат во судница да се бранат за делото измама кое не е опфатено со измените на кЗ

Токму овие законски измени биле причина за обивнителот да побара примена на поблагиот закон со обралзожение дека описот на дејствијата од ставот 2 од стариот член сега одговара повеќе со ставот 1 од новиот член

– Ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон, информирааа од Кривичен.

Според старата одредба им се заканувше казна затвор од 6 месеци до 5 години а со новата до 3 години затвор. За делото измама за кое се гони Милошоски  е предвидена од 1 до 10 години затвор.

Лустраторите одговараа дека ја злоупотребиле службената положба потикнати од пратникот незаконски го лустрирале кичевскиот судија Драги Билевски кој почина пред да заврши постапката. Измамата се однесуваше на продажба на државен имот кој преку лицитација го купил таткото на Милошоски. Според обвинението советниците во општина Македонски брод биле доведени во заблуда и отуѓиле објект кој го користела општината Пласница.

Обвинението за Моќник беше потврдено во октомври 2020.  Колкави ќе бидат адвокатските и другите судски трошоци за судење кое трае повеќе од две години, ќе се пресметува откако судот ќе го достави решението за запирање на постапката до обвинетите.

Освен во Моќник се чека произнесување на обвинителите и во другите предмети на СЈО. Вчера повторно се одложи судењето за најважниот предмет за прислушувањето Таргет Тврдина а кое обивнителството требаше да се произнесе како ќе влијаат измените на КЗ. Се чека и обвинителската анализа и одлука и за предметот Трезор а според пресметките на невладините месецов застарува и Траекторија за кинсеките автопати. Списокот на застарени предмети е подолг но од обвинителството и од Кривичен каде се судат предметите за организиран криминал, до сега не излегле до сумарни податоци.