Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѕвезди во мермерна плоча за сите добитници на „Златна камера 300“ – Битола ќе добие Патека на славните

/

пред 784 дена

Сподели преку :

На битолски „Широк сокак“ ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата „Златна камера 300“ која се доделува за животно дело. Директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски во интервју за МИА вели дека патеката ќе биде промовирана со свеченост достојна за ѕвезди на овој фестивал.

Таа патека на славните ќе почнува од пред киното „Манаки“, во центарот на Битола, и ќе оди кон Офицерскиот дом. Годината ќе бидат откриени 18 ѕвезди.

Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематографите – лауреати и вградени во плоча од мермер, а дизајнерското решение е дело на компанијата „Божиновски“. Мотото на фестивалот годинава е „Еден е Манаки“.

Фестивалот се отвора на 21 септември, а во Битола се очекува да пристигнат 17 врвни мајстори на филмска камера кои за својата работа добиле бројни награди од најпрестижните филмски фестивали и асоцијации.

Во седумте фестивалски денови ќе бидат прикажани 65 филма. Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Партенобе“, на прославениот Паоло Сорентино кој беше хит на последниот Кански фестивал.

Годинашниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе биде затворен со македонска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец.