Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Абазовиќ: Се надевам дека наскоро ќе имаме влада

/

пред 1689 дена

Сподели преку :

Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА Дритан Абазовиќ синоќа изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада, а доколку тоа не се случи, не гледа проблем во одржување на нови избори.

На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар и ги повика колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза, јави РТЦГ.

– Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа, рече Абазовиќ.

Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни и порача: „ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија“.