Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралија воведува ограничувања за патувања за девет јужноафрикански земји

/

пред 1772 дена

Сподели преку :

Австралија денеска воведе ограничувања за лицата кои живеат во девет јужноафрикански земји поради загриженоста од новиот вид на коронавирус „омикрон“, при што владата бара 14-дневен карантин за австралиските граѓани кои се враќаат од тие земји, изјави министерот за здравство Грег Хант.

Земјите кои подлежат на ограничувањата се Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото, Есватини, Сејшели, Малави и Мозамбик.

-Секое лице кое не е австралиски државјанин или лице издржувано од него, а било во африканските земји каде што е откриен сојот „омикрон“ и раширен во последните 14 дена, нема да може да влезе во Австралија, објасни Хант.