Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алексеј Навални бил отруен, потврдија германските доктори

/

пред 2231 дена

Сподели преку :

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални сепак бил отруен, потврдија од болницата во Берлин по направените лабораториски анализи. Тимот доктори кои го третираат Навални, во неговиот крвоток нашле присуство на инхибитори на холинестераза. Односно, широк спектар од неколку супстанци од пестициди и нервни агенси. Но, се уште нема податок на која точно супстанца бил изложен Навални, а трагите од отровот биле потврдени во седум различни лаборатории.

Навални се уште е во индуцирана кома, состојбата му е критична, но стабилна, соопштија докторите. Сепак, предупредуваат на можни ефекти врз нервниот систем.

Најголемиот критичар на Кремљ беше отруен на аеродромот во сибирскиот град Томс. Неговите поддржувачи тврдат дека отровот му бил ставен во чајот кој го пиел на аеродромот, по што во авионот му се слошило и паднал во бесознание. Итно беше хоспитализиран, а руските доктори неколку дена тврдеа дека нема траги од отров во неговиот организам.  Семејство бараше да биде префрлен во Германија, бидејќи не им веруваа на докторите. На инсистирање и на германсската канцеларка Меркел, Навални беше примен во болницата во Берлин во саботата.