Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американските пратеници одобрија 13,6 милијарди долари итна помош за Украина

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Претставничкиот дом на САД го одобри итен план за Украина од 13,6 милијарди долари. Предвидено е во пакетот помош, што се очекува да го одобри Сенатот во наредните денови, едната половина од парите да оди за одбрана на Украина, а другата за помош на бегалците.

Претседателот Бајден побара само 10 милијарди долари од Конгресот, каде што многу пратеници сакаат да покажат дека преземаат чекори против Русија.

Мерката беше усвоена како дел од посеопфатниот предлог-закон за трошење на владата, откако мнозинството демократи ги намалија буџетските трошоци за превенција од ковид поради републиканското противење.