Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелација ја потврди пресудата за Никола Груевски со која беше осуден на 1,5 година затвор за насилството во општина Центар

/

пред 1769 дена

Сподели преку :

Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд за случајот „Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 и пол  година затвор, а останатите беа осудени на условни казни.

Во соопштението на Основен суд се наведува дека ги отфрлиле  жалбите на обвинетите. Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7-ми и 10-ти јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар.

Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи уривање на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.