Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден опцу новинар на Фокс њуз

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден беше фатен како пцуе на настан во Белата куќа, откако новинар на Фокс њуз го праша за влијанието на зголемената инфлација врз овогодинешните конгресни избори.

Напуштајќи го состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на Фокс њуз од Белата куќа Питер Дуси повика дали може да постави прашање за инфлацијата и дали тоа е политичка одговорност.

„Тоа е голема предност, поголема инфлација“, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен. „Каков глупав кучкин син“, додаде тој.

Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во речиси четири децении. Помалку од еден час по инцидентот, Бајден наводно му се јавил на Дуси на неговиот мобилен телефон и му објаснил дека „не било ништо лично“.