Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола -лидер во Пелагонискиот регион по бројот на заболени од КОВИД 19

/

пред 2260 дена

Сподели преку :

Од град со релативно малку заболени, Битола станува лидер во Преспаснко Пелагонискиот регион со активни случаи заразени од КОВИД-19. Од почетокот на пандемијата па се до средината на јули бројот на позитивни беше мал, а повремено во дневните статистики се региструираше по еден, најмногу до двајца заразени. Сега за само две неделе бројот пораснал повеќе од двојно. Со денешните  5 новозаблен,   вкуниот број во Битола е  114  лица позитивни на коронавирусот, а 60  се активни случаи. На  10 јули имаше 24 лица кај кои болеста беше во тек.  Битолчани велат дека ова најмногу се должи на непочитувањето на мерките и не носење на заштитни маски.

  • Не се почитуваат мерките кои се прпишани од здравсвените власти, посебно малдите не носта маски, тоа е причината спорд мене што се золемува бројот на заблени, вели битолчаенец.

 

  • Не знам зошто не носат маски луѓето, јас и кога се возам на велосипед носам маска, вели друг битолачнец.

Она што е карактеристично во последниот период  е што новозаблените негираат претходна поврзаност со лица позитивни на вирусот. Од Минситерството за здравство информираат дека во Битола активни се само два кластери, останатите се од  семејна трансмисија и индивидуални слуачи. Само во изминатите денови има неколку заболени кои не дали податок за контакт со заразено лице. Во моментот вирусот е присутен кај вработени во јавно претпријатие, приватни фирми, меѓу медицински лица, невработени и пензионери кои негираат контакт со заболени. Меѓу заразените има и млади, но и асимтоматски. Позитивен на КОВИД е и вработен во битолска кфетерија, поради што локалот е затворен. Вкупно во изолција се 120 битолчани, а во КОВИД  центарот  во битолската болница хоспитализирани  се 40 пациенти од целиот регион.

 

Емилија Мисирлиевска