Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолска апелација не го пушти Нефи Усеини од притвор, засега останува во охридскиот затвро до четврток

/

пред 2223 дена

Сподели преку :

Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор . Битолска апелација ја прифати жалбата на обвинителство кое се желеше  откако охридскиот суд ја прифати гаранцијата  од 30 илјади евра на осомничените за да излезат од притвор.

Од битолска апелација за Телма велат дека го укинале првостепеното решение и го вратиле на повторно одлучување во основниот суд. Охрдискиот суд не дал јасни причини да ја оправда одлуката со која му го укинале притворот и ги пуштиле браќата со гаранција,  објаснуваат  за Телма  од Апелациониот суд во Битола.

8-дневниот притворот на Усеини им истекува во четврток и обвинителството може да бара продолжување на притворот, само ако поднесе обвинение  до тогаш. Ако не браќата излегуваат од притвор.

Охрискиот советник и неговиот брат се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и се води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Сами се пријавија во охридснкиот затвор на 26 ти месецов откако претходно 6 дена беа недостапни.