Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Боб Сагет почина од повреда на главата

/

пред 1697 дена

Сподели преку :

Американскиот актер и комичар Боб Сагет почина од повреда на главата за која наводно не верувал дека е опасна, соопшти неговото семејство.

Сагет беше пронајден мртов во неговата хотелска соба на 9 јануари во Орландо, Флорида, еден ден по комедијата во близина на Џексонвил.

„Властите заклучија дека Боб починал од повреда на главата“, соопшти неговото семејство.

Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, се вели во соопштението.

Инспекторите претходно негираа дека Сагет умрел од дрога или злосторство и веруваа дека се работи за срцев или мозочен удар.

Погребот на ѕвездата од Фул Хаус се одржа на 14 јануари во Лос Анџелес.