Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британска тајна служба: Русите заробија луѓе во Чернобил. Не ги постигнаа сите цели

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Британското разузнавање извести дека Русите веројатно не ги постигнале своите воени цели во текот на првиот ден од војната против Украина.

 

Меѓутоа, службите претпоставуваат дека руската армија ја окупирала нуклеарната централа во Чернобил и ги заробила работниците. Имено, Чернобил е на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа е по логичната линија на напад на руските сили.

Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија едноставно го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина.

„Чернобил нема воено значење“, но е на најкратката рута од Белорусија до Киев, потврди претходно поранешниот началник на здружениот генералштаб на САД, Џек Кин.

Во извештајот на споменатите разузнавачки служби се наведува и дека Русија најверојатно не ги постигнала зацртаните цели за првиот ден од војната, а причината за тоа ја нашле во добриот отпор на украинската армија по целата линија на фронтот.