Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бројот на повторно заболени од Ковид се зголеми за три пати повеќе во однос на минатата недела

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Вкупниот број заболени од Ковид-19 бележи пораст за 37,6 отсто во однос на претходната недела, но, и за 35 отсто се зголемил бројот на починати, покажува најновиот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 27 декември до 2 јануари.

„Пријавени се 57 смртни случаи во 16 градови за 35,7 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје. Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се 6 починати лица и кај возрасната група од 50-59 години, 2 лица од возрасната група 40-49 години, и едно лице од возрасната група 30-39 години“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на мината недела вкупно се пријавени 133 реинфекции, што е за три пати повеќе во однос на претходната недела.

Најголем дел од заболените се на возраст од 30-39 години со што оваа категорија е најмногубројна, или 23,4%, а најмал е бројот на заразени меѓу децата од 0 до 9 години, односно  2,8 проценти.

Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група од 20 до 29 години каде зголемувањето е за два пати и возрасната група од 30 до 39 години со зголемување за 55,7 проценти во однос на претходната недела.

За 20,2 отсто во однос на минатата недела има намалување на бројот на хоспитализирани лица, од кои 151 се на кислородна поддршка што е 17,9 проценти помалку во споредба со претходна недела.

Изминатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.691 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Мартин Николовски