Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вангелина Пармачки една од жените во Малешевијата која се бори да не изумре брендираното сирење

/

пред 1715 дена

Сподели преку :

Сточарството во Малешевсклиот регион веќе изумира, но има жени кои се уште не дозволуваат да го снема производството на брендираните малешевско сирење и јагне. Една од нив е Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци, која рамо до рамо со нејзиниот сопруг и вработениот овчар работи на бачилото, но и произведуваат сточна храна. Вангелина е една од десетте жени сточарки во Малешевијата, која произведува органско и квалитетено сирење, а може да се вкуси во беровските ресторани и хотели или да се купи директно од нив. Таа е носител на земјоделското стопанство, а овој период имаат и дополнително работа во фармата.

Семејството Пармачки имаат околу 600 овци, очекуваат за Велигден на пазарот да понудат околу 500 јагниња. Во сточарството и производството на малешевското сирење нема одмор, Вангелина вели се мора да биде точно и во одреден час, но и да се внимава на хигиената во млекарата. Дополнително се грижи и за финансиите, но и за  аплицирање за субвенции и грантови. Таа ги пофали вработените од подрачната едницина на ресорното министерство и од Федерацијата на фармери, кои им помагаат. Но, смета дека државата мора повеќе да им  понуди сточарите, бидејќи имаат потреба од модернизација на фармите, но и да ги задоволат европските стандарди.

Имаа доставено барање до Агенцијата за храна и ветеринатство нивното органско малешевско сирење да се најде и во продавниците низ земјава. Во моментов најголем проблем на сточарите им е обезбедувањето на сточната храна, чија цена е зголемена.

Семејството на Вангелина Пармачка овците ги одгледува во преубавата и живописна Малешевија, која изобилува со пасишта, а вкусот на сирење е посебно од овој регион. Според оваа сточарка, мајка, но и носител на земјоделското стопанство за да се привлечат жените да останат да работат во оваа гранка потребно е да се изборат за бенефицирани стаж.

Сторија на Викторија Јованова