Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Венецуела ќе ги вакцинира децата над две години против коронавирус

/

пред 1793 дена

Сподели преку :

Владата на Венецуела денеска ќе почне со вакцинирање на деца на возраст над две години против коронавирус. Вкупно 70 отсто од граѓаните на земјата се веќе вакцинирани, соопшти претседателот Николас Мадуро.

– Вкупно 70 проценти од населението на Венецуела е вакцинирано. Морам да ве информирам дека вакцинирањето на децата постари од две години ќе започне во Венецуела од понеделник, 8 ноември, изјави шефот на државата.

Тој истакна дека до 30 ноември се очекува да се вакцинираат 80 отсто од населението, а до 31 декември 90 отсто.

Според венецуелското Министерство за здравство, повеќе од 412.000 луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а 4.955 починале како резултат на инфекцијата. Владата користи вакцини од Русија, Кина и Куба.