Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО)Австралиска министерка: Ѓоковиќ не е затвореник, може да си оди кога сака

/

пред 1730 дена

Сподели преку :

Австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога сака.

Таа додаде дека австралиските служби ги проверуваат случаите на други тенисери кои биле пуштени во земјава врз основа на слични ослободувања од обврската за вакцинација како Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер во светот е во притвор за имигранти до понеделник, кога судот треба да се изјасни по неговата жалба на одлуката на сојузната влада да му ја укине визата.

Доколку одлуката биде потврдена, 33-годишниот тенисер ќе биде депортиран од Австралија.