Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата во оставка, контурите на новата само се наѕираат

/

пред 1745 дена

Сподели преку :

Владата од денеска е во оставка, но контурите на новата само се наѕираат. Повеќето досегашни министри преговараат за нов мандат, тројца се изјаснија дека повеќе нема да бидат  дел од извршната власт, а некои тврдат дека се` уште не одлучиле.

Министерот Бочварски, кој вчера не ја исклучи можноста да стане дел и од идната влада, денеска беше резервиран.

За министрите од ДУИ се шпекулира дека нема да има промени, но министерот за животна средина вели дека и таму допрва ќе има дебата.

Во меѓувреме, оставка си даде и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој , Коста Петров, кој беше близок соработник на Заев.  Одлуката ја објави преку социјалните мрежи, без објаснување за причините. Петров целосно се повлекува од политиката, вклучително и од партискиот ангажман,  и му се враќа на сопствениот бизнис.

Далиборка Дамјанска