Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе расправа дали да ја одземе лиценцата на БЕГ

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Владата денеска ќе расправа како ќе го реши проблемот со парно греењето во скопје. Една од опциите е  и одземање на лиценците на компаниите кои ги снабдуваат скопјани со топлинска енергија – дознава Телма.

Ова следува откако компаниите, Градот Скопје и општините останаа глуви на владиниот предлог – тие да помогнат со 1 милион евра, а од државната каса да се одвојат 5 милиони евра за да се надмине проблемот со парното во Скопје.

Од Владата велат дека се подготвени  да покријат 100% од разликата од актуелната до реалната цена на топлинска енергија доколку Градот Скопје и општините не одлучат да дадат поддршка од 20%. Ниту компаниите пак кои имаат лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија се уште не испратиле  одговор до Владата дали 6 милионие вра ќе се деоволни за надминување на проблемот со парното.

Вчера наместо градоначалничката Данела Арсовска, одговор на владиниот предлог даде Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој практично го одби владиниот предлог и кажа дека Градот не е надлежен, а нема ниту пари во градската каса за таа намена.