Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во втор круг Арсовска се надева на граѓанските гласови, Шилегов на коалициските

/

пред 1831 дена

Сподели преку :

Градоначалничката фотеља на град Скопје, во вториот круг на изборите што ќе се одржат на 31 октомври, ќе се бира меѓу независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и актуелниот градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов. Денеска и двајцата им се заблагодарија на гласачите за гласовите и побараа повторна поддршка.

Арсовска рече дека е позитивно изненадена од граѓанските иницијативи кои станаа дел од Советот. Тврди дека, нивните програми, за кои вели дека внесоа свежина и енергија, ќе бидат дел од нејзината работа доколку победи во вториот круг. Се надева на нивна поддршка во вториот круг, а иако ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека нема намера да влегува во политика.

За победа во вториот круг, пак, Шилегов се надева на коалициските гласови.

Шилегов не сакаше да коментира чии гласови од останатите против-кандидати ги очекува во вториот круг. Ги повика граѓаните кои не излегоа на гласање, овојпат да излезат и да го поддржат.

Според последните податоци од Државната изборна комисија од пребројани над 94 проценти од гласовите, Арсовска е во водство пред Шилегов со над шест илјади гласа.

Далиборка Демјанска Цветановска