Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во делчевско, четири свињи имаат африканска чума

/

пред 1675 дена

Сподели преку :

Африканската свинска чума потврдена кај четири диви свињи во атарот на делчевското село Драмче. Опасност за домашните нема, бидејќи во радиус од три киометри уништени се 264 , а во радиус на 10 километри од жариштето економски искористени се 424 домашни свињи. Од Агенцијата за храна и ветринарство информираат дека од почетокот на месецов укинати се зоните, но надзорите продолжуваат и на ловиштата.

  • Ловните друштва треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи, а од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за испитување.  За лабораториско испитување треба да се испрати и мостра од секоја застрелана дива свиња, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат“  велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во фармите каде што имаше депопулација нема да може да се одгледуваат свињи ако не станува збор за одгледувалишта од среден и низок ризик, рокот за подигнување на биосигурносните мерки во пограничните региони со Србија и Бугарија  е 1-ви Април. Обештетувањето од страна на државата се уште не е пристигнато на сметките на одгледувачи на свињи од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се разгледуваат барањата и ќе бидат исплатени во најкраток можен рок. Сточните пазари остануваат затворени за свињите, а ќе се анализираат и мостри од секоја угината свиња во фармите.

Викторија Јованова